Интервју со Бургу Дениз и Мореира Фернандес Дара за нивниот престој на ТМФ


Интервју со Бургу Дениз и Мореира Фернандес Дара

Во рамките на отпочнатиот проект за соработка помеѓу Технолошко-металуршкиот факултет и Универзитетот Клод Бернард Лион 1- Оддел во Бург ан Брес, од 4 април 2022 година, на Институтот за органска технологија престојуваат 2 француски студентки.

Бургу Дениз и Мореира Фернандес Дара- студентки од 2 година на Технологија (двогодишни студии поТехнологија, насока: биолошко инженерство, модул: земјоделска и биолошка индустрија) во период од 2 и пол месеци, ќе престојуваат во Македонија, со цел да ги завршат своите завршни дипломски задачи. 

Бургу Дениз,  работи на истражување на процесот на продолжување на рокот на јагодите, со користење на природни антимикробни агенси со др. Дарко Димитровски, додека Мореира Фернандез Дара работи на производство на растителни пијалоци на база на житарки, под менторство на доцент д-р Мишела Темков.

1.     Кои се вашите идни планови по завршувањето на вашите студии?

MOREIRA FERNANDES Dara « Во иднина се гледам во полето на истражувањето како и развојот со цел да се задржат, создадат или подобрат нопвите производи. Она што во моментото го работам со др. Темков би можело да биде еден добар почеток на мојата идна кариера. »

BURGU Deniz « Себеси се гледам во досовршување на моето образование со магистерски студии во областа на биотехнологијата или микробиологијата бидејќи мојот сон е да бидам микробиолог.»  

2.     Кои се Вашите впечатоци од Вашиот престој во Скопје?

Дара: Нù се допаѓа плоштадот Македонија, малите улички во стариот дел од Скопје, старата скопска чаршија, рестораните со многу македонски специјалитети. Почнавме да ги прифаќаме македонските навики на живеење, и секако научуваме и понекој збор на македонски јазик.

Дениз: моите први импресии се навистина изненадувачки. Односот кој постои помеѓу професор и студент е многу близок, родителски и пријателски. Студентите тука работат но имаат и доволно слободно време. Имам впечаток дека тука луѓето се помалку  изложени на стрес.

3.      Која е вашата порака до идните инженери- технолози?

Мореира Фернандес Дара «Продолжете да го работите она што го сакате, колку и да е комплицирано! Продолжете да ги следите вашите соништа ет да ги остварите Вашите поставени цели!»

Бургу Дениз «Никогаш не напуштајте после некој неуспех бидејќи секоја препрека претставува предизвик  кој треба да се надмине! Никогаш не губиме туку секогаш добиваме! »   



 


 

Comments

Popular posts from this blog

How to learn which food is safe?

HOW DO WE EAT